Tuesday, 12 February 2013 16:08 Вести

Француската полиција, која истражува низа сексуални напади во јужниот град Марсеј, уапсила двајца браќа - идентични близнаци, но има проблем кој од нив да го осуди.

Браќата, 24 годишни невработени возачи, Елвин и Јохан, ставени се под истрага во петокот. Полицијата соопштила дека е сигурна дека еден од браќата е извршителот на кривичните дела, но не знае кој.

За да утврди точно, на полицијата и е кажано дека треба да спроведе ултрасофистициран генетски тест кој чини милион евра, затоа што стандардните ДНК тестови не можат да ја утврдат разликата меѓу нивните ДНК.

Шест меѓусебно слични сексуални напади се случиле во Марсеј на жени на возраст меѓу 22 и 76 години во период од септември 2012 до јануари 2013 година.

Полицијата на првиот траг наишла преку камерите за надзор поставени во автобусот и благодарение на таа снимка ги уапсиле браќата. Едната жртва, исто така, ги идентификувала браќата како напаѓачи, но не можела да каже кој брат ја нападнал.

Трагите од ДНК сторителот или сторителите се пронајдени на жртвите. Меѓутоа, тоа не е од голема помош, зата што ДНК на идентични близнаци е идентична.

„Во нормална анализа би споредиле 400 базни парови на нуклеотиди кои го сочинуваат ДНК“, рече еден експерт.

Меѓутоа, додава тој, во случај на идентични близнаци потребно е да се анализираат милијарди такви парови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...