Thursday, 31 January 2013 08:51 Вести

Чешкиот парламент одобрил марихуаната да се користи како легално средство за лекување на луѓето заболени од некои тешки болеси, и потребен е само уште еден потпис од претседателот на државата за регулативата да стапи во сила...

Со таа одлука е предвидено марихуаната препишана на рецепт да може да се користи за лекување на заболените од рак, Паркинсова болест, мултиплекс склероза или псоријаза.

Марихуаната за медицински потреби најпрво ќе се увезува од Израел или Холандија, потоа домашните земјоделци ќе треба да извада дозволи за нејзино одгледување на период од најмногу пет години.

Трошоците за лекување со марихуана нема да бидат покриени од здравственото осигурување.

Чешка е една од најлибералните членки на ЕУ кога се во прашање т.н. лесни дроги. Лицата кај кои ќе се најде до 15 грама марихуана или кои одгледуваат до пет стебла канабис, ризикуваат само мала парична казна, што ги привлекува љубителите на марихуана од околните земји, во кои важат построги прописи.

Либералната политика, сепак, нема за последица зголемено користење на марихуана, а нејзината употреба е, дури и во опаѓање. Според податоците на чешкиот национален извештај за наркотици во 2011 година 16,1% лица на возраст од 15 до 34 години, пријавиле дека употребуваат марихуана, а година дена порано тој процент изнесувал 20,3.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...