Wednesday, 30 January 2013 16:27 Вести

Холандската кралица Беатрикс (74) синоќа изјави, во телевизиско обраќање кон нацијата, дека нејзиниот најстар син Вилјем-Александер (45) ќе стане крал на 30 април, по нејзиното заминување од престолот.

Вилјем-Александер така ќе биде првиот крал на оваа монархија по повеќе од еден век, колку што на престолот биле жени.

Кралицата кажа дека заминува од престолот не затоа што нејзината функција е премногу тешка, туку затоа што смета дека истата треба да им ја препушти на помладите, а нејзиниот син Вилјем-Александер е подготвен да стане крал на Холандија.

Кралицата со синоќешниот говор го означува крајот на нејзиното долго престојување на челото на монархијата, кое беше обележано со бурни промени во холандското општество и нејзина лична трагедија. Имено, нејзиниот среден син тешко е повреден на скијање во 2009 година, кога падна во кома од која се уште се нема разбудено.

Како што пренесуваат медиумите, нејзиното повлекување се очекувало, но сосема сигурно ќе ги погоди Холанѓаните кои ја обожаваат и најчесто ја викаат по прекар - Беа.

Принцот Вилјем-Александер е оженет со принцезата Максима Зоригета и има три деца.

Холандија е уставна монархија, во која значително е намалено мешањето на кралското семејство во политиката. Во минатото кралицата учествуваше во формирањето на владините коалиции, но тоа се промени во очи на последните избори во септември 2012 година.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...