Wednesday, 30 January 2013 16:23 Вести

Во Малезија во последните три недели загинале десет пигмејски слонови од Борнео, а активистите за заштита на животните веруваат дека се отруени.

Труповите се пронајдени во резерватот Гунунг Рара, а едно тримесечно слонче е спасено, кажаа денеска претставниците на источната провинција Сабах на островот Борнео.

Слоновите биле стари од четири до дваесет години. Се верува дека се отруени, но не е утврдено дали труењето било намерно. Лабораториските анализи на животинските остатоци се во тек.

Нема знаци дека животните биле мета на ловокрадците, иако во Сабах во последните години имало случаи на недозволен лов на слонови кои се ценат поради слоновата коска.

Според податоците на активистите, во светот постојат едвај 1.500 пигмејски слонови од Борнео. Поголемиот број живеат во малезијската провинција Сабах.

Пигмејските слонови, како и орангутаните, носорозите и други животни, се загрозени затоа што нивните живеалишта во прашумите исчезнуваат поради ширење на плантажите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...