Monday, 28 January 2013 08:22 Вести

Со близу 1,4 милијарди лица над 20 години со прекумерна тежина, дебелината стана речиси светска пандемија која бара конкретни и итни мерки. Тоа е јасното мислење на експертите за здравство и исхрана, изложено пред учесници во светскиот економски форум во Давос...

Вознемиреноста е толку голема, што според нив со таа катастрофа исто како и со пушењето веќе треба да се занимаваат политичките водачи во целиот свет.

Во светски рамки бројот на случаите на дебелина двојно се зголемил од 1980 година досега, алармира Светската здравствена организација (СЗО). Со прекумерна тежина се 1,4 милијарди жители на планетата со над 20-годишна возраст.

Прекумерната тежина и дебелината се петтиот ризичен фактор за животот на светско ниво. Поради дебелината умираат најмалку 2,8 милиони полнолетни секоја година.

Освен тоа прекумерната тежина и дебелината - резултат на енергетски дисбаланс помеѓу конзумацијата и потрошените калории, предизвикуваат зголемување на случаите на дијабетес, со што пак се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, истакнуваат експертите.

Ако работите продолжат на овој начин по 20 години меѓу 50 и 60% од возрасните жители на планетата може да се со прекумерна тежина. Ако прекумерната тежина и дебелината беа заразни болести, ќе зборуваме за пандемија, изјавила Линда Фрида од Школата за јавно здравје Мејлман.

Според експертите треба да се запрат критиките само кон дебели луѓе и да се обрне внимание на условите за живот, бидејќи дебелината е поврзана со "кризата на имобилизација" - резултат од зголемената урбанизација во светот.

Додека во минатото прекумерната тежина и дебелината се сметаа за проблеми карактеристични за земјите со високи приходи, тие сега се шират во земјите со ниски и средни примања, главно во урбаните средини.

Експертите ги повикаа политичарите радикално да ги менуваат своите сфаќањата. Според нив, потребно е да се субвенционираат производствата на нискокалорична храна. Треба исто така да се развие политика за промоција на физичката активност на децата во училиште и дома.

Со прекумерна тежина се 43 милиони деца под 5-годишна возраст во светот, објави СЗО, истакнувајќи дека дебелината кај децата доведува до зголемен ризик од предвремена смрт и неактивност на зрела возраст.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...