Monday, 24 December 2012 18:07 Вести

Актерката е на мета на антисемитската изјава на еден украински политичар. Центарот „Симон Визентал“ бара реакција.

Мила Кунис е родена во Украина, но нејзиното семејство побегнало во САД кога актерката имала седум години. Мила повеќе пати јавно зборуваше за антисемитската атмосфера во нејзината родна земја и навредите на кои семејството било изложено.

Политичарот Игор Мирошниченко напишал на својот Facebook профил многу срамни навреди на сметка на убавата актерка, номинирана за Оскар за споредната улога во филмот „Црн лебед“.

Меѓу другото, Мирошниченко Кунис ја нарекол „валкана Еврејка“, што предизвика бурни реакции од јавноста.

„Такви зборови користеле нацистите и нивните помошници додека ги собирале логорашите за да ги убијат“, се наведува во соопштение од центарот „Симон Визентал“ кое го потпишале рабините Марвин Хир и Абрахам Купер. Писмото е адресирано до владата на Украина, од која се бара да го санкционира таквото однесување на функционер.

Кунис, која моментално празниците ги поминува со Ештон Качер и неговото семејство, се нема јавно огласено по повод овие навреди.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...