Monday, 19 November 2012 09:28 Вести

Една тинејџерка од Британија пати од ретко пореметување наречено Kleine-Levins синдром или "синдром на заспана убавица". И иако можеби на некои, особено во понеделник, ваквото нешто им се чини како вистински одмор, оние кои патат од овој синдром тврдат дека "не се работи за бајка"...

Луѓето кои патат од ова пореметување многу често спијат по 20 часа дневно, а друи и кога ќе се разбудат, се наоѓаат во состојба на месечарење.

Никол Делиен (17) припаѓа на групата луѓе со такво пореметување, а во една прилика ги преспила празниците и се разбудила дури кон средината на јануари кога конечно ги отворила подароците. Периодот на спиење во нејзиниот случај трае меѓу 32 и 64 дена, а само повремено се буди и месечари до кујната за да се најаде.

"Никогаш не се навикна на таа состојба. Има 17 години и тоа и пречи бидејќи пропушта многу", рекла нејзината мајка.

Пореметувањето е ретко и тешко се дијагностицира, а во нејзиниот случај докторот утврдил за што станува збор дури по 25 месеци. Во процесот на поставување на дијагнозата исклучиле се, од вируси, преку епилепсија, па се до тоа дека ја лажира својата состојба за да привлече внимание.

Иако лек сеуште не постои, Никол прима терапија која е комбинација на лекови против епилепсија и нарколепсија кои го држат пореметувањето под контрола, а истото се појавува само два пати годишно.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...