Tuesday, 30 October 2012 17:11 Вести

Еден бугарски блогер успеал да ги купи приватните податоци на над милион Facebook корисници за само 5 долари.

Иако вие веројатно нема своите приватни податоци да им ги откриете на непознати личности на социјалните мрежи, тоа не значи дека истата работа со вашите податоци нема да ја направи некој друг. Иако можеби сметате дека тие податоци на некој му се многу вредни, вистината би можела да ве разочара. Личните податоци, недостапни за пошироката јавност, вредат многу, многу малку.

„Штотуку купив податоци за повеќе од милион Facebook корисници. OMG!“, напишал бугарскиот блогер и активист за дигитални права, Богомил Шопов. Тој тврди дека поседува имиња, ID и е-мејл адреси кои не и биле достапни на јавноста, и дека Facebook барал да ја избрише објавата за купувањето на податоците, и да им објасни во детали како течело купувањето на истите.

Шопов вели дека податоците ги купил на страница на која се нудат многу необични работи од личноста која се претставила како Mertem. Во Facebook велат дека спроведуваат истрага за кражбата на информациите, а од Шопов барале да им ги достави сите купени податоци, а својата копија да ја избрише.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...