Saturday, 27 October 2012 16:10 Вести

Германските лекари извадиле тумор тежок 28 килограми од телото на пациентка која прво ја прогласиле за дебела, дознава се во петок од универзитетската клиника во Дресден која ја извела операцијата.

Зафатот со кој германските лекари извадиле тумор тежок 28 килограми направен е во почетокот на октомври, а траел осум часа и поминал уредно. Пациентката се чувствува доброа и оди со помош на патерици.

Таканаречениот borderline тумор со големина од 60х50 сантиметри се наоѓал во јајникот на пациентката која неверојатно брзо се дебелеела. Нејзиниот лекар наглото здебелување му го препишал на дијабетисот и недоволното движење и и одредил диета.

Кога веќе поради големината на туморот не можела да стои, нејзината ќерка побарала друго лекарско мислење и рендгенската снимка овозможила донесување на правилната дијагноза.

Туморот бил толку голем што била потребна количка за негов транспорт од операционата сала. Пациентката за време на операцијата изгубила 40 килограми и кажала дека е „исклучително среќна“.

„Немам зборови со кои би можела да им се заблагодарам на лекарите, сега сум друга личност“, кажала таа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...