Wednesday, 24 October 2012 17:24 Вести

Блазе им на Холанѓаните - не само што на сите страни имаат велосипедски патеки за побрзо и побезбедно да го користат велосипедот како превозно средство, туку на тие патеки никогаш повеќе нема да има мраз.

Во желбата да поттикнат колку што може повеќе луѓе да возат велосипед во текот на зимата, но и да го намалат бројот на повреди предизвикани од ледот, холандските истражувачи предложиле велосипедските патеки во иднина да се загреваат.

„Идејата е под патеките да се постави систем кој ќе спречи формирање на лед преку зимата“, вели инжинерот Марсел Берефијн.

Неколку холандски општини веќе изразиле интересирање за промена на системот кој би користел геотермална енергија на длабочина од 30 до 50 метри под земјата.

Трошоците за поставување на системот се проценуваат од 20.000 до 40.000 евра на километар на патеката, чија вкупна должина во целата Холандија оди над 35.000 километри.

Меѓутоа, Берефијн повеќе сака да зборува за практичната страна на проектот.

„Тоа ќе овозможи големи заштедувања. Ќе биде потребно помалку сол за топење на ледот, ќе се намалат медицинските трошоци за повреди, а луѓето помалку ќе ги користат своите автомобили затоа што повеќе ќе сакаат да се возат со велосипедите“, објасни тој, потсетувајќи дека секоја година се забележуваат околу 7.000 паѓања од велосипед.

Холандија има речиси 18 милиони велосипеди, на 16,5 милиони жители.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...