Monday, 22 October 2012 18:42 Вести

Најстариот познат преживеан од концентрациониот логор во Аушвиц, Полјакот Антони Доброволски, умре на 109 години.

Доброволски, учител по професија, умрел вчера во градот Дембно на северозапад од Полска.

Откако ја нападнале Полска на 1 септември 1939 година, што го означува и почетокот на Втората светска војна, Германците го забраниле школувањето по четврто основно образование, во обид да ја задушат полската култура и интелигенцијата на таа земја.

Германците на Полјаците ги сметале за пониска раса, а ваквата образовна политика била дел од планот Полјаците да се користат како „ропска раса“.

Тоа влијаело Полјаците тајно да продолжат да ги образуваат своите деца, а оние кои биле фаќани, биле праќани во концентрациони логори или затвори. Меѓу нив бил и Доброволски, а Гестапо го уапсил и пратил во Аушвиц во 1942 година.

Доброволски, роден на 8 октомври 1904 година, подоцна е преместен во уште два концентрациони логори, а на крајот од војната, во 1945 е ослободен, според информациите на музејот Аушвиц во јужниот дел од Полска.

Во концентрациониот логор Аушвиц убиени се најмалку 1,1 милион луѓе. Поголемиот број на жртви биле Евреи, но имало и многу Полјаци, Роми и припадници на други народи.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...