Thursday, 18 October 2012 15:11 Вести

Холандската актерка Силвија Кристел, секс симбол на седумдесетите и осумдесетите години и хероина на еротскиот филмски серијал „Емануела“, умре од рак ноќта меѓу среда и четврток, соопшти нејзиниот агент.

„Умре во сонот“, рече кратко Мариеке Вархарен и додаде дека актерката починала од рак.

Силвија Кристел во јули е сместена во болница во Амстердам по мозочен удар.

Претходно е лечена од рак на грлото и подложена е на третман против метастази на црниот дроб.

Силвија Кристел стекна светска слава по првиот филм од серијалот „Емануела“ на Џаст Џекин, кој е прикажан во Франција во 1974 година.

Филмот, кој зборува за еротските авантури на една млада жена на патување по Азија, бил толку популарен што дури 13 години бил на репертоарот на едно кино во Париз.

Снимен е по истоимениот роман на Емануела Арсан.

Следуваше серија продолженија во кои играше холандската актерка - „Емануела 2“ (1975), „Збогум Емануела“ (1977) и „Емануела 3“ (1984). Силвија Кристел играла и во филмовите „Мата Хари“, „Љубовникот на Лејди Четерли“ и „Приватни часови“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...