Friday, 12 October 2012 18:13 Вести

„Дијана е убиена во колата за брза помош“ гласи насловната страница на американскиот таблоид Globe, кој во својот нов број тврди дека поседува нови докази за смртта на британската принцеза.

Иако поминаа 15 години од смртта на Лејди Ди, се уште кружат бројни гласини за завера против поранешната сопруга на принц Чарлс, во кои вообичаено се вклучени британското кралско семејство и тајната служба.

Последната во низата завери ја лансираше списанието Globe, кое тврди дека принцезата е ликвидирана во колата за брза помош додека ја превезувале во болницата.

Списанието ја негира официјалната верзија според која ниту Дијана, ниту нејзиниот партнер Доди Ал-Фаед, не биле врзани со безбедносни појаси во моментот на сообраќајната несреќа. Списанието наведува дека принцезата го преживеала сударот во парискиот тунел, но дека подоцна е убиена во амбулантната кола.

Globe тврди дека има докази кои ја потврдуваат тезата за убиството и кои еднаш засекогаш ќе ја решат „мистеријата за смртта на Дијана“.

Принцезата Дијана животот го изгуби во сообраќајна несреќа во парискиот тунел Алма, на 31 август 1997 година.

Според официјалната верзија, до несреќата дошло кога во автомобилот, во кој се наоѓала со својот партнер Ал-Фаед, удрил во ѕидот во тунелот во центарот на Париз.

Во време на смртта, принцезата имаше само 36 години.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...