Sunday, 07 October 2012 13:27 Вести

Гласачите во Венецуела денеска на претседателски избори бираат дали да го задржат социјализмот на актуелниот шеф на државата, Уго Чавес, или да се свртат кон пазарна економија, за што се залага кандидатот на опозицијата, Енрике Каприлес.

Чавес (58) е на чело на државата од 1999 година, го преживеа обидот на државен удар и протести, а во 2006 година убедливо ја победи расцепканата опозиција. Овој пат Чавес, кој вели дека се опоравил од ракот, се соочува со кандидат кого го поддржуваат повеќе од 30 опозициони странки.

Долгогодишниот противник на Чавес, поранешен гувернер на државата Миранда, адвокатот Каприлес (40), вели дека сака да ја задржи популарната социјална програма, но се залага и за пазарна економија и олеснување на приватното претприемаштво и инвестиција.

Според најновите анкети, за новиот мандат од шест години Чавес има поддрша повеќе од 49% гласови, додека Каприлес го поддржуваат 39% гласачи, а околу 12% останале неопределени. Околу 19 милиони Венецуелци имаат право на глас за овие избори.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...