Friday, 31 August 2012 11:00 Вести

Долгогодишниот менаџер на 50 Цент, Паф Деди, а исто така и на Мараja Кери, Крис Лаjти, бил пронајден мртов во неговиот дом во Њујорк...

Телото му било откриено во четвртокот изутрина (30-ти август) и според полициските извори, најверојатно станува збор за самоубиство.

Лајти се застрелал во главата по спорот со поранешната сопруга, со која се разведе минатата година. Пиштол е пронајден во непосредна близина на телото на 44-годишниот маж, посочува весникот New York Daily News.

Лајти се здоби со име во музичката индустрија во 1988 година, кога се соедини со рап иконата Расел Сименс во неговата компанија Rush.

Потоа тој направи сопствена фирма, Violator ManagementBrand Asset Group, каде што на листата на клиенти беа хип-хоп ѕвезди како Busta Rhymes, Missy Elliott, LL Cool J, Q-Tip, Nas, Ja Rule и Mya, посочува FemaleFirst.co. uk.

Веднаш по објавувањето на веста за смртта на Лајти, многу негови колеги и пријатели му оддадоа почит. Сименс направи трогателна изјава: "Длабоко сум потресен од загубата на овој хип-хоп херој. Крис Лајти е мој драг пријател уште од детските години. Тој беше брилијантен партнер во бизнисот и бев толку горд на се што постигна. Тој е неверојатен пример за тоа како едно бунтовно дете од улица може да се претвори во најголем интелигентен и предвидлив менаџер. Сите кои го познаваа, го сакаа, воедно и јас лично."

"Шокиран сум", напишал Паф Деди на Tвитер, раперот Лудакрис се сеќава на Лајти како човек, полн со енергија, а Ријана напишала: "Почивај во мир, Крис Лајти, молитвите ми се кон семејството и твоите блиски."

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...