Friday, 07 August 2009 15:33 Вести
За „раката“ на ќерката на поранешниот американски претседател, Bill Clinton, понудил 40 кози и 20 крави...

 

Godwin Kipkemoi Chepkurgor од Кенија, првата понуда за „раката“ на Chelsea Clinton ја дал на Bill Clinton пред 9 години, а вчера повторно го направил тоа, но овој пат понудата била дадена на Hillary Clinton на новинарската конференција во Градското Собрание во Nairobi.



Модераторот на конференцијата, Fareed Zakaria од CNN, коментирал дека понудата не е лоша, со оглед на економската криза. Но, американската државна секретарка изјавила дека нејзината ќерка е „своја личност“. „Таа е многу независна, но секако дека ќе ја пренесам оваа љубезна понуда“ - изјавила Hillary на што се насмеале присутните, но на Chepkurgor не му било дојдено до смеење, а ќерката на Hillary ја опишал како прекрасна, дисциплинирана и природна жена.



„Секако дека никогаш не сум ја запознал, но ми се допаѓа нејзиното семејство и тоа што се држат заедно. Долго чекав и уште чекам да ја запознаам и да и ја изразам својата љубов“ - изјавил Chepkurgor за CNN.

Godwin Kipkemoi Chepkurgor има своја продавница за компјутери и електроника во градот Nakuruu. Можеби ја чека Chelsea, но не е потполно слободен, барем не по американските стандарди, затоа што во 2006 година се оженил со Grace, а во Кенија е дозволена полигамијата, така што Chelsea би му била втора жена. „Мојата прва сопруга не е проблем. Слушаше се што изјави Hillary и не се бунеше“ - изјавил 39-годишниот Chepkurgor.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...