ТОП ВИДЕО |
Saturday, 28 April 2012 18:15
Вести
Претставничкиот дом на САД со поддршка на мнозинството го усвои предлог законот CISPA кој поттикнува размена на податоци меѓу владата, безбедносните агенции и приватните компании. Законот CISPA е усвоен со 248 гласови за и 168 против. Меѓутоа, во сила ќе стапи дури ако биде прифатен и на Сенатот. Противниците на Законот сметаат дека овој закон ја загрозува основната слобода на секој граѓанин, додека оние кои се за изразуваат задоволство, истакнувајќи дека, откако ќе биде усвоен, меѓу другото, ќе им ја отежни на шпиноите кражбата на планови за истражување на развојот на американските компании. За разлика од омразениот SOPA, законот за стопирање на онлајн пиратеријата, концептот CISPA го поддржаа компании како Mајкрософт, Фејсбук, Интел, Нокиа и други. Пред CISPA целосно да биде усвоена, постои можност претседателот на САД, Барак Обама да го искористи своето право на вето за да го спречи влегувањето во сила на законот. Со оглед на тоа што овој закон им овозможува на различни организации да дојдат до лични податоци на граѓаните, се очекува активистите на хакерската група Аnonymous ќе го покаже своето незадоволство рушејќи американски сајтови. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|