Wednesday, 25 April 2012 16:20 Вести

Доколку до 9 јули не се пронајде подобро решение, FBI планира да го оневозможи пристапот до интернет на илјада луѓе ширум светот, чии компјутери се заразени со тројанецот DNSChanger.

Кога е воочен проблемот со DNSChanger, вирус кој корисниците ги преусмерува на несакани, понекогаш и илегални сајтови, FBI во функција стави „сурогат сервери“ кои овозможуваа нормално функционирање на заразените компјутери. Во меѓувреме излезе дека трошоците за тоа се преголеми, тако што е неопходно пронаоѓање на друго решение.

„Ако ја исклучиме таа криминална инфраструктура, корисниците кои се жртви на овој вирус ќе останат без пристап на интернет“, изјави FBI агентот Том Грасо за Fox News.

Тројанецот, кој почнал да се шири од Естонија, корисниците ги преусмерува на измамнички веб локации, а ако FBI навистина ги исклучи своите сервери за вонредни ситуации, милиони луѓе би можеле да останат без пристап на интернет.

Тие сервери привремено се ставени во функција за на компаниите и поединците да им се даде време да ги исчистат заразените компјутери, а рокот за тоа е до 9 јули. По предупредувањето кое го издаде FBI, бројот на компјутери заразени со овој вирус опаднал, а излегло дека во главно во прашање се приватни компјутери, а не системи на големи компании.

Од 350.000 заразени компјутери ширум светот, 85.000 се во Америка, а околу 20.000 во Велика Британија.

Овој малвер е посебно ефикасен затоа што ги оневозможува корисниците со заразени компјутери да посетат сајтови кои би им помогнале да се ослободат.

Силата на безбедноста и професионалците од областа на компјутерската индустрија соработуваат обидувајќи се да пронајдат решение за овој проблем, а ако работната група за борба против DNSChanger не успее во тоа, милион луѓе ширум светот би можеле на 9 јули да останат без интернет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...