Saturday, 01 August 2009 19:17 Вести
Со години светот беше сведок на тивка, но сигурна промена на моќта од машки во женски раце...

 

Последиците од промената на моќта која од машките раце се лизна токму во рацете на жените, ќе бидат не само смртоносен удар на мачо-клубот насловен како финансиски капитализам кој го доведе светот до моментална економска катастрофа, тоа ќе биде и колективна криза за милиони вработени мажи во светот.

Новинарот Reihnan Salam ги напишал назнаките кои упатуваат на завршувањето на мачо-доминацијата насекаде. На пример, Влијанието кое го има кризата врз мажите е толку големо што рецесијата сега е позната како „he-cession“ или „тој-цесија“. Повеќе од 80% изгубени работни места во Соединетите Американски Држави им припаѓале на мажи. Слично е и во Европа. Во исто време побрзо пропаѓале компании кои биле водени од мажи, за разлика од оние кои биле водени од жени. С епредвидува дека до крајот на оваа година поради глобалната рецесија дури 28 милиони мажи ширум светот ќе останат без работа.



Крајот на Мачо-клубовите може да се прочита од податоците кои укажуваат на тоа дека се помалку мажи во однос на жените имаат високо образование кое е потребно за успех. Наскоро во САД на двајца мажи со диплома ќе има три жени со диплома. Како што се развива кризата, својот данок го зема и во политичките води. Ова веќе се има случено во Исланд, чии граѓани не само што и ја одзеле власта на машката елита, туку за премиер ја назначиле жената која е декларирана хомосексуалка, Johanna Siguraardottir.

Foreign Policy предвидува дека по големата рецесија нема да биде смрт на Wall Street ниту смрт на капитализмот. Овие идеи и институции и понатаму ќе останат да живеат, но она што ќе престане да живее е мачо-елитата. Можно ќе биде прилагодување на мажите така што ќе ги прифатат жените како еднакви партнери и ќе се асимилираат во нова култура на сензибилноста. Тоа не значи дека сите западни мажи ќе се претворат во метеросексуалци, но со крајот на мачо-мажите, ќе се појави нов модел на машкост, особено кај образованите мажи.



Постои и друга можност, а тоа е отпор. Можеби некои ќе одлучат да се борат против смртта на мачо-мажите, жртвувајќи ја својата иднина во обид да го откажат моќниот историски тренд. Мажите кои немаат конструктивни начини на искажување на лутината можат да станат тежок извор на екстремизам.



Ова незначи дека жените и мажите ќе се борат едни против други со огнено оружје. Конфликтот ќе се одвива во многу посуптилен облик, а главната битка ќе се води во срцата и умовите. Бидејќи во гените на жените е запишана грижата за другите, од нив можеме да очекуваме да бидат креаторки на многу подобар и почовечен свет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...