ТОП ВИДЕО |
Friday, 20 April 2012 17:51
Вести
Комисијата за биоетика при канцеларијата на австрискиот канцелар се изјасни за дозволата за вештачко оплодување на лезбејските парови и жените без партнер. Уставниот суд, на барање на Високиот суд, моментално работи на проверка на уставноста на забраната и побарало изјаснување на Комисијата за биоетика. Одлуката на Уставниот суд за ова прашање, кое ја вознемири австриската јавност, треба да биде донесена на есен. Со законот за признати хомосексуални партнерства дојде до промена на таканаречениот закон за потомство. Во него стои дека медицински поддржаното зачнување е дозволено само за личности во брак или личности кои живеат во партнерски однос. Поради тоа хомосексуалните парови немале можност на вештачко оплодување. Уставниот суд барал од Комисијата за биоетика да се изјасни дали, и под кои услови, актуелното законско ограничување ги опфаќа личностите без партнер, односно личностите со партнер од ист пол. Поголемиот број членови дошле до заклучок дека не постојат околности кои би ја оправдале неправедната забрана. Комисијата оценила дека науката не докажува и не влијае на развојот на детето дали партнерите кои го одгледуваат детето се од ист или различен пол. Против промената на законот веднаш се изјаснила католичката црква во Австрија. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|