ВИЦ
- Како е, помогна ли лековитата кал на жена ви? ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 18 April 2012 15:49
Вести
Кога имаме некој здравствен проблем често го бираме полесниот и побрзиот пат до информации, па наместо да одиме на лекар, решението го бараме на интернет. Професионалците предупредуваат дека онлајн дијагнозите прават многу повеќе штета отколку корист. „Доктор Гугл“ стана прва станица на патот до оздравувањето, но професионалците предупредуваат дека луѓето никогаш не би требало сами да поставуваат дијагноза, затоа што информациите кои што можат да се најдат на интернет често не се доволно издржани. Истражување спроведено во Велика Британија покажа дека секоја четврта жена барем еднаш си поставува „дијагноза“ сама на себе консултирајќи се со Гугл, погрешна, се разбира, со што само си го продолжуваат лечењето. Иако потпирањето на интернетот наместо на лекарите станува се поизразено, ако пребарувате симптоми, сами на себе си поставите дијагноза и си одредите терапија, најверојатно само ќе ја влошите својата состојба. Во британското истражување учествувале 1.000 жени, од кои дури една петина заклучиле дека имаат некаква тешка болест на основа на информација од интернет. Најчесто „лажните аларми“ кај самопоставувањето на дијагноза предизвикуваат сомнежите за рак на дојка, додека многу жени погрешно заклучиле дека страдаат од зголемен крвен притисок или астма. Симптомите поради кои жените најчесто бараат помош на интернет се проблеми со спиењето, главоболка, депресија и анксиозност. Со одложување на одењето кај лекар само сами себе си ја продолжувате агонијата, а тоа го покажале и резултатите од оваа анкета - многу жени признале дека поминале денови грижејќи се поради проблемот кој го имаат, додека третина од испитаничките одењето на лекар го одложувале и повеќе од две недели. Секоја дваесетта жена чекала и по неколку години, размислувајќи дали е во прашање нешто сериозно, пред да побара професионална помош. Лекарите поради тоа се почесто се среќаваат со ситуации прво да мораат да ги разуверат пациентите дека ја немаат онаа болест која Гугл им ја „предложил“ и предупредуваат дека онлајн дијагнозите на пациентите им прават повеќе штета отколку корист. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|