ВИЦ
Мајката го кара Перица:Зошто си и рекол на сестра ти дека е глупава?Оди веднаш и извини и се!!! ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 17 April 2012 19:09
Вести
Подемот на компаниите Епл и Фејсбук и владите на државите ширум светот ја загрозуваат слободата на интернет, смета коосновачот на компанијата Гугл, Сергеј Брин. Заканата за слободата на протокот на информации на интернет е резултат од комбинација на неколку фактори - желбата на владите на државите ширум светот да ги контролираат своите граѓани, борбата против пиратеријата која ја поттикнува индустријата за забава, но и засилувањето на „рестриктивните“ платформи на компаниите како што се Епл и Фејсбук, смета Сергеј Брин. „Светските сили ги здружија силите против слободата на интернет. Ситуацијата е застрашувачка и никогаш не сум бил толку загрижен“, изјави Брин во интервју за Guardian. Тој изрази загриженост поради политиките на земјите како што се Кина, Саудиска Арабија и Иран кои секојдневно вложуваат огромни напори во пронаоѓање на што поефикасни методи за цензура и ограничување на употребата на интернетот, а закана, според неговото мислење се и Епл и Фејсбук кои на своите корисници им ја ограничуваат слободата на објавување и информирање. Покрај тоа, и владата на Соединетите Американски Држави се подготвува, под притисок на индустријата за забава, во спречување на пиратеријата да ја примени истата технологија и методи поради кои ги критикуваше Кина и Иран. Брин вели дека политиката на компаниите Фејсбук и Епл, кои строго контролираат кој софтвер може да биде објавен на нивните платформи, всушност ги ограничува онлајн иновациите. Двете компании станале потрошувачки гиганти, со свои сопствени платформи кои го контролираат пристапот на своите корисници и податоци. „Можеме да изгубиме многу работи. На пример, ништо од информаиите во нивните апликации не е можно да се пребара. Дека Фејсбук доминираше во време кога го придвижувавме Гугл, не би успеале, затоа што клучот на нашиот успех беше токму отвореноста на вебот“, изјави Брин. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|