ТОП ВИДЕО |
Thursday, 12 April 2012 16:35
Вести
Сценаристката на популарната серија, Мерал Окај, умрела во понеделник во Истанбул на 53 годишна возраст, а како причина за смртта семејството го наведе ракот на белите дробови. Не се знае дали ќе се сними последната сезона. Мерал Окај, сценаристката на турската серија „Величествениот“, изненадно почина во Истанбул и вчера е погребана со присуство на многу познати личности и актери од серијата. Продуцентите објавија дека снимањето на серијата се прекинува не неограничен период, а неизвесно е и дали некогаш ќе биде продолжено првенствено затоа што „не постои сценарио, но и поради стресот на кој се изложени актерите поради смртта на блиска пријателка“. Бидејќи се во животот правела спонтано, така и сценариото за серијата го пишувала непосредно пред секоја епизода, па за четвртата сезона не напишала ама баш ништо. Мерал за време на снимањето на „Величествениот“ работела и поголем дел од режисерската работа и сега е неизвесно дали некој ќе може да ја замени. На погребот, кој е извршен вчера во Истанбул, присуствувале сите актери од популарната серија. Султанот Сулејман, поточно актерот Халит Ергенч, не ги криел солзите, а не ги криеле ни Мерјем Узерли, која ја толкува Хурем, и Селма Егец или Хатиџе во серијата. На погребот биле дури десет илјади почитувачи на ликот и делото на Мерал Окај. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|