Monday, 09 April 2012 21:11 Вести

Јапонските весници пишуваат дека Sony по четири години „во црвено“ ќе го намали бројот на работници за 6%, што значи дека ширум светот 10.000 работници ќе останат без работа.

Многу јапонски фирми, од произведувачи на мобилни, па до електронски компании, се најдоа во проблеми поради силниот јен и конкуренцијата, како што се американскиот Apple и јужнокорејскиот Samsung.

Произведувачите на телевизори посебно се најдоа на удар, па се проценува дека Sony, Panasonic и Sharp заедно ќе забележат губење од 17 милијарди долари во фискалната година која штотуку заврши. Инвеститорите будно ќе ја следат утрешната конференција за новинарите на новиот извршен директор на Sony, Казуо Хираи, кој фирмата ја презеде минатиот месец.

„Под новиот извршен директор полесно е да се пресечат работните места или да се тргне во нова насока“, рече фонд-менаџерот од Фукоку Капитал, Јуки Сакураи и додаде дека би сакал Sony повеќе да се префрли на други производи освен телевизори. „Ако се држат до телевизорите, можеби ќе водат војна во која нема да можат да победат“, рече Сакураи.

Кон крајот на март Sony имаше малку повеќе од 168.000 вработени. Со отпуштање на работниците, можно е од седумте директори, кои работеле до крајот на март, да се бара враќање на бонусот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...