ТОП ВИДЕО |
Monday, 09 April 2012 16:50
Вести
Австрискиот биолог Бертолд Визнер е татко на неколку стотина деца, кои ги зачнал со донирање на сперма во својата клиника за лечење на неплодноста во Лондон во ’40-тите години на минатиот век, а тоа дури неодамна го откриле две личности зачнати во болница. Се сметало дека на клиниката, која Визнер ја основал заедно со сопругата Мери Бартон и на која се зачнати околу 1.500 бебиња, користена е спермата од избран хирург од неговите исклучително интелигентни пријатели. Меѓутоа, излегло дека околу 600 бебиња зачнал самиот Визнер. Како што наведува Daily Telegraph, режисерот од Канада, Бери Стивенс, и адвокатот од Лондон, Дејвид Голанч, кои се зачнати на клиниката на Визнер, истражувале и врз основа на ДНК испитувања, заклучиле дека Визнер донирал две третини примерок сперма за оплодување на пациентките. Таквата пракса сега е забранета со закон, но тогаш не се ни знаело дека самиот Визнер е дарител на поголемиот број примероци. Истиот дарител на сперма не би требало да биде зачетник на толкав број деца поради опасноста некои од нив да се запознаат и да основаат семејство, што би можело да доведе до тешки генетски пореметувања на нивните потомци. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|