ВИЦ
- Здраво... сакам да аплицирам за капетан на брод. ТОП ВИДЕО |
Thursday, 05 April 2012 17:21
Вести
Единаесетгодишниот Јуре Херманс од Холандија на меѓународниот конкурс за најдобар план за излегување на еврозоната освоил утешна награда за својот предлог. Херманс од Бреденбрек имал 10 години кога се пријавил на конкурсот, а неговиот труд, кој иако не влезе во финалето, доби пофала од стручното жири. Најмладиот од 425 учесници во натпреварувањето за Економската награда Волфсон, чиј победник ќе освои 250.000 фунти, доби ваучер од 100 евра за својата идеја за решавање на кризата. Според неговиот предлог, кој го илустрирал со цртеж, Грците еврата би ги замениле за драми во банките, кои добиените евра би ги проследиле на грчката влада. „Сите тие евра заедно формираат палачинка или пица. Сега грчката може да почне да ги враќа сите долгови, а на сите што им должи ќе добие по парче пица“, објасни Херманс. Гркот, меѓутоа „не изгледа среќно“, додава Херманс, објаснувајќи понатаму дека луѓето ќе сфатат дека драмите ќе изгубат вредност и ќе се обидат да го задржат еврото додека не порасне вредноста на драмата. Во тој случај, предложува Херманс, тие кои се обидуваат да ги скријат еврата или да ги однесат во банка во друга држава ќе добијат парична казна во ист или двојно поголем износ од оној кој се обиделе да го задржат. „Се разбира, ако државата ги врати сите долгови може повторно да влезе во еврозоната“, заклучи Херманс, додавајќи на крајот од писмото дека сака животни и дека има пет другари со кои си игра по цел ден. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|