Wednesday, 04 April 2012 18:22 Вести

Фејсбук го заостри спорот со конкурентската компанија Јаху, со поднесување на контратужба за злоупотреба на патент.

Откако Јаху минатиот месец поднесе тужба против Фејсбук за нарушување на правата за десет патенти во врска со огласувањето, контрола на приватните податоци и социјалното умрежување, главните на популарната социјална мрежа се одлучиле за контраудар.

Фејсбук ги негира обвинувањата и тврди дека конкурентската компанија ги злоупотребила нивните десет патенти за тагирање фотографии, огласување, препораки како и други елементи.

Претставник на Јаху рече дека таа компанија верува дека контратужбата е неоснована и дека претставува само циничен обид да се одвлече вниманието од слабоста на одбраната.

Фејсбук соопшти дека е „непоправливо оштетен“ од постапките на главните на компанијата Јаху и побара судење со порота и неодредена отштета, како и да бидат отфрлени обвинувањата кои ги поднеле Јаху.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...