ВИЦ
Плавуша прашува: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 03 April 2012 16:47
Вести
Микеланџело Манини, сопственикот на FAAC, италијански произведувач на електронски порти, изгледа се обидел буквално да купи место во рајот. Тој оставил имот вреден 1,7 милијарди евра на католичката црква, вклучувајќи и поголем дел од акциите во неговата компанија, пишуваат италијанските медиуми. Микеланџело Манини умрел на 17 март, на 50 годишна возраст, и оставил имот, банкарски сметки и своите акции од епархијата во Болоња, која вчера учествувала на првиот состанок на Управниот одбор на неговата компанија FAAC. „Ќе ја продолжиме работата на нашиот добротвор во интерес на самата компанија FAAC и нејзините вработени“, рече адвокатот Андреа Москети, кого црквата го именувала да управува со нејзиниот имот. Тој го отфрлил тврдењето за продажба на акциите на римокатоличката црква од група француски помали акционери кои имаат 34% акции во компанијата. „Со оглед на природата на новиот сопственик, целта ќе биде создавање на компанија со силни етички правила“, додаде тој. Компанијата FAAC, која во 1960 година ја оснвал таткото на Манини, има околу 1.000 вработени, раширен бизнис во 12 земји и годишна заработка од 214 милиони евра. Манини, кој никогаш не бил посебно познат како дарител на црквата, умрел без директни наследници и блиски роднини и наводно својот тестамент го составил во 1992 година. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|