Monday, 02 April 2012 13:16 Вести

Европската радиодифузна агенција го одбила барањето на Радиотелевизија Косово да стане активен член на оваа организација и со тоа да добие можност Косово самостојно да настапува на Песна за Евровизија во Азербејџан.

„Косово не може да и се придружи на Европската Радиодифузна Унија (EBU) како полноправен член и не може да учествува на натпреварувањето за Песна за Евровизија“, се наведува во одговорот на EBU на барањето на Радиотелевизија Косово да стане активен член на оваа организација.

Директорот на EBU, Ингрид Делтенре, на состанокот во Женева известила за писмото на заменик министерот за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, во кое се наведува колку е важно за Косово да учествува на Евровизијата.

Делтенре ја пренела оценката на Селими дека EBU е „суштински важна“ за Косово и дека „во градењето на нацијата ништо не е поважно од Песна за Евровизија“.

Меѓутоа, во одговорот на EBU се напоменува дека таквото членство во таа организација е можно само за емитерите во земјите кои припаѓаат на Меѓународната унија за телекомуникации (ITU), а Косово не е примено во ITU.

Учеството на пејачката Рона Нишлиј, родена во Косовска Митровица, на овогодинешната Евровизија не се доведува во прашање, затоа што таа е избрана како претставничка на Албанија, а не како претставничка на Косово.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...