ВИЦ
Љубоморен маж ја бара жена му на мобилен: ТОП ВИДЕО |
Saturday, 31 March 2012 16:46
Вести
Околу 150 вработени во компанијата „Евро Дизни“, најголемиот европски забавен парк кој се наоѓа во близина на Париз, протестирале поради малата заработувачка. „Го окупиравме теренот, но не на сила; ги штитиме само нашите права, барајќи повторно преговарање за заработувачките за да постигнеме прифатлив договор“, објасни Давид Шарпентје, член на синдикатот FO. Демонстрантите не ги спречувале посетителите да влезат во паркот. „Бараме зголемување на заработувачката од 4% за сите вработени, додека цената за работење во недела би требало да биде поголема од 25%, како и премија од 359 евра за дваесетгодишнината“, прецизирал Жером Макалузо, член на синдикатот CFTC. Даниел Дрју, заменик на претседателот за човечки ресурси, рече дека жали поради овој протести по преговори кои не резултирале со договор. Тој потсетил дека управата предложила зголемување од 1,5% како и други видови помош. Во европскиот „Дизниленд“ се вработени 55.000 луѓе, а овој најголем забавен парк, кој во Европа е отворен на 12 април 1991 година, во изминативе 20 години го посетиле повеќе од 250 милиони луѓе. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|