ТОП ВИДЕО |
Friday, 30 March 2012 20:25
Вести
Утре, сабота, од 20.30 до 21.30 часот исклучете ги светлата и уредите на електрично напојување и дадете придонес за спасување на планетата Земја... Оваа година во знак на солидарност кон петина од светското население кое сѐ уште нема пристап до електрична енергија, ОН, УНЕСКО и “Greenpeace” повикуваат утре во 20.30 часот да ги исклучите светлата. “Ако утре ги исклучиме светлата, можеме заедно да создадеме посветла иднина”, порачува Бан Ки Мун, генерален секретар на ОН. Во сабота на еден час ќе бидат изгаснати и светлата на многубројни светски споменици и атракции, како Бакингамската палата, Кинескиот ѕид, Ајфеловата кула, Атомиум, кулата Бурџ Калифа во Дубаи, катедралата Нотр Дам, кралската палата во Бангкок. “Час на Земјата” е светска иницијатива која се одржува секоја последна сабота во март. Првиот беше во организација на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) и весникот “Sydney Morning Herald” во март 2007. Тогаш 2,2 милиони жители на Сиднеј ги изгасија светлата на еден час. Потоа оваа иницијатива ја прифатија и други светски градови. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|