ТОП ВИДЕО |
Thursday, 29 March 2012 09:42
Вести
За банкарите доаѓаат тешки, сушни денови. Имено, елитните шпански проститутки одлучија да им ги ускратат своите услуги на банкарите сѐ додека не се согласат да им дадат поповолни кредити на семејствата и фирмите кои имаат финансиски проблеми, пишува весникот „Дејли Меил“... Проститутките од Мадрид се одлучија на ваков штрајк и потврдија дека ќе протестираат сѐ додека банкарите не одлучат да бидат општествено поодговорни и не почнат да даваат поголеми кредити за загрозените Шпанци. Според тврдењата на проститутките, снаодливите банкари сакале со мамење да дојдат до својата цел, па им се претставувале како архитекти и инженери. “Професиите кои тие ги кажуваат одамна не можат да си дозволат тарифа која се движи од 300 евра на час”, изјавила една од проститутките. Најголемото здружение на луксузни проститутки во Мадрид го започна овој штрајк, сметајќи дека единствено тие имаат реална можност да извршат притисок врз банкарите. “Штрајкуваме веќе три дена и мислиме дека тие нема да издржат уште долго”, истакна Ана, една од девојките. Сѐ започнало кога Луција, исто така елитна проститутка, одлучила да му ги ускрати своите услуги на еден банкар доколку не одобри кредит. Масовен штрајк елитните проститутки најавија за денес, кога на улиците низ градовите во Шпанија ќе излезат голем број невработени луѓе. Се штрајкува против високата стапка на невработеност и измената на Законите за вработување, кои им овозможуваат на работодавците полесно да им дадат отказ на своите работници. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|