Sunday, 25 March 2012 12:14 Вести

Британец е исфрлен од сопствениот дом, затоа што од него буквално направил свињарник.

По станот на неименуван маж од Дерби, слободно шетала возрасна свиња и таму се хранела и вршела нужда насекаде. Кујната, бањата и ве-цето, како и сите теписи во приземниот дел од станот, целосно биле прекриени со свински измет и кал, пренесува The Sun.

Покрај свињата, во станот со сопственикот живеело и куче, а во дворот се пронајдени и две понија. Според зборовите на соседите, тој човек бил некаков љубител и собирач на животни.

Повеќе од година дена, целото соседство им се жалело на властите на одвратната смрдеа, а некои се жалеле и на силен мирис на урина за време на летните денови. „Тој среде ноќ знаеше да фрла работи во дворот, а еднаш видев како ламинат полн со измет го фрли во дворот на куп“, кажа еден од соседите.

Свињата во станот ја држел, додека животното било уште исклучително мало, а соседите од прво мислеле дека се работи за некој вид свиња домашно-милениче, која нема понатаму повеќе да расте.

Кога претставниците на локалната власт дошле во инспекција, не можеле да го обиколат станот од количината натрупено ѓубре и смрдеата. Откако инспекцијата сепак е спроведена, заклучиле дека обновата на просторот би чинела меѓу 10.000 и 15.000 фунти.

Извесниот станар се оглушил на судскиот налог инспекцијата повторно да дојде во станот, па судот одобрил да биде исфрлен. За време на втората инспекција, сопственикот се во куќата од која е исфрлен, само за со себе да ги поведе својата свиња и куче.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...