Wednesday, 21 March 2012 16:06 Вести

Перла Серано 13 години се претставувал како жена на која и го украл идентитетот. Уапсен е,  но пред тоа на својата жртва и оставил долг од 100.000 долари, потрошени на лечење.

Овој 51 годишен бескуќник во Сан Клемент, Калифорнија полицаецот го затекнал како спие на клупа.

Полицаецот бил уверен дека е жена, но се посомневал кога видел нараквица со друго име.

„Полицаецот ја контактирал локалната болница и дознал дека личноста всушност е маж, а не жена“, рече портпаролот на шерифот Џим Амормино во округот Оринџ.

Властите јавиле дека Серано пред 13 години некако дошол до документација која и припаѓала на личност која има исто име како и тој.

Поради заштита на идентитетот медиумите објавиле дека станува збор за Перла К.

Имено, Серано ја искористил нејзината лична карта на основа на што извадил здравствена книшка.

„Ги користел лекарските услуги во четири различни болници во округот. Трошоците се поголеми од 100.000 долари“, рече Амормино.

Полицијата вели дека Серано користил десетина лажни имиња, но дека за сега имаат податоци само за една од неговите жртви.

Серано е задржан во притвор, а кауцијата е 20.000 долари. Обвинет е за кражба, провалување и кражба на идентитет.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...