Wednesday, 21 March 2012 15:43 Вести

Уругвајскиот болничар кој е обвинет дека убил 11 пациенти изјавил дека тоа го сторил за тие да не се мачат повеќе, додека другиот обвинет рекол дека петмина убил затоа што го „вознемирувале“.

„Тоа е еден изопачен човек“, изјави вчера адвокатот Инес Мазиоти, зброувајќи за 40 годишниот болничар Марсел Переири, кој признал дека во болницата Мациел во Монтевидео убил пет пациенти.

Еден весник ги наведува зборовите на тој обвинет кој рекол дека „старците“ го вознемирувале и дека требало „веќе еднаш да умрат“.

Инес Мазиоти која брани друг осомничен болничар, Ариел Асеведо, рекла дека тој и рекол дека пациентите ги убил затоа што не сакал тие да се мачат и понатаму.

Таа додала дека Асеведо рекол дека е свесен дека згрешил, и дека се кае поради тоа, и дека не знае како можело да му се случи такво нешто.

„Свесен сум дека погрешив, мислам дека се однесував како да сум Бог, и се каам поради тоа“, рече Асеведо, кој признал дека убил 11 пациенти кои лежеле на одделението за неврохирургија во приватната клиника Еспањола во Монтевидео.

Истрагата почнала во јануари по анонимна пријава, а двајца болничари и една болничарка се уапсени минатата недела по смртта на една 74 годишна пациентка.

Двајцата болничари се обвинети за убиство, а болничарката за соучество.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...