ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 20 March 2012 16:20
Вести
Израелскиот парламент донел закон со кој се забранува појавување на преслаби манекенки на модните писти и во рекламни кампањи. Израелските пратеници, чија цел е да промовираат изглед на здраво тело, се надеваат дека со оваа мерка ќе успеат да го намалат бројот на пореметувања во исхраната, како булимијата и анорексијата, кои посебно ја погодуваат тинејџерската популација. Новиот закон предвидува жените и мажите чиј индекс на телесна маса (BMI) е помал од 18,5 не можат да бидат ангажирани како манекени, освен ако немаат лекарско уверение дека не се потхранети. Исто така, со закон се забранува „користење на личности кои делуваат ненахрането“ и се бара од рекламните агенции да се воздржат од фотошоп за личноста на фотката да изгледа послабо. „Да се биде убав не значи да се биде ненахранет, убавината не би требало да биде тоа што е анорексијата“, кажала израелската пратеничка Рејчел Адато, по усвојување на новиот закон. Дизајнерите и модните агенции често се критикувани дека вршат притисок на манекенките за да бидат што послаби. Откако во 2006 година две латиноамерикански манекенки умреа од анорексија, неколку земји, вклучувајќи ги и Италија и Индија, забранија појавување на претерано слаби девојки на модните писти. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|