ТОП ВИДЕО |
Thursday, 15 March 2012 14:37
Вести
Многу млади девојки потврда за својата убавина бараат преку YouTube. Не можеме во целост да откриеме на кој начин големата и зачестена изложеност на интернетот ќе влијае на младите, но засега нивната иднина ни изгледа прилично застрашувачки. Појавата на паметните телефони, компјутерите и социјалните мрежи не можеме и не можеме нужно да ги окарактеризираме како лоши, но во последно време, за жал, се наѕираат повеќе негативности и опасности отколку позитивности. Во рамки на пребарувањето на YouTube напишете Am I Ugly (Дали сум грда?) или Am I Pretty (Дали сум убава?) за да видете што ќе ви се појави. Тинејџерки, а и помлади девојчиња, се снимаат со камерите, кажуваат за своите несигурности и ги молат луѓето да остават мислење за нивниот изглед. Ги интересира дали се доволно убави, дали се грди, дебели или слаби. Можете да претпоставите какви коментари ги чекаат. Верувајте, не се ни малку пријатни затоа што луѓето веројатно попрво би умреле како вид отколку да напишат нешто позитивно или пофално. За работата да биде уште полоша, најпопуларни се изјавите како: „Грда си“, „Бедна си што се експонираш на овој начин“, „Гомното е поубаво од тебе“, „Глупава си“ и така натаму. Иако личностите помлади од 13 години не би смееле да ги ставаат своите видеа на извесната страна, тоа често не е случај, па така на мета на злобните коментари се наоѓаат и девојчиња кои се помлади од наведеното. Пробајте да се ставите во позиција на дете кое меѓу коментарите ќе го прочита ова: „Би сакал со тебе да имам пеколен анален секс пред да се обесиш“. Тешко е да се замисли зошто некој би оставил такви отровни коментари за овие, очигледно несигурни и искомплексирани девојчиња, но се надеваме дека YouTube ќе преземе нешто во врска со оваа прашање. Знаеме дека тоа не е правилен начин за привлекување на вниманието и лечење на своите несигурности, но сепак во прашање се само деца кои се уште не го разбираат и не го познаваат светот на злонамерниците. Ним им е тешко да сфатат дека World Wide Web овозможува Безимени Презименковци слободно да го покажат недостатокот на домашно воспитание низ крајно психотични, манијакални, злобни и глупави изјави. Веројатно не очекуваат конструктивна критика, но уште помалку ја очекуваат деструктивната чија единствена цел е понижување. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|