Friday, 09 March 2012 10:35 Вести

Судот во Минхен му забранил на британскиот издавач Питер Мекгиј во Германија да објави делови од злогласните мемоари на Алдолф Хитлер - „Мојата војна“.


Судот смета дека со објавување на цитати би се прекршиле авторските права на книгата, кои се во сопственост на германската сојузна покраина Баварија до 2015 година.

Авторските права над книгата на надицскичиот водач по Втората светска војна сојузниците и ги дале на Баварија, која до сега правно го спречуваше секој обид книгата да се објави во било кој облик во Германија.

Лондонскиот издавач планирал да објави три изводи од по 16 страници од „Мојата војна“ со коментари од историчари како додаток на својот неделен весник во кој објавува цитати од нацистичките весници со стучна анализа.

Хитлер ја напишал „Мојата војна“, мемоари кои се наречени ѓаволска Библија, како мешавина од манифест и автобиографија во 1923 година.

Во неа Фирер ги тематизира расистичките и антисемитските размислувања, зборува за националсоцијалистичката борба и револуција.

До доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година продадени се 300.000 примероци, а потоа книгата станала задолжително четиво во секоја куќа и училиште.

Со својата вчерашна одлука судот ја потврди привремената забрана за објавување која беше донесена во јануари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...