Friday, 09 March 2012 09:20 Вести

До оваа недела името на Џозеф Кони им беше малку познато на поголемиот број луѓе надвор од срцето на Африка. За многумина тоа вреди и понатаму, но големи се шансите дека тоа брзо ќе се промени. Кони 2012 - големо подигање на свеста или големо подигање на пари?


Приказната за воениот злосторник или како настанал најголемиот медиумски експеримент

Имено, Џозеф Кони е „ѕвезда“ на новиот и можеби најголемиот досега медиумски експеримент, кој буквално ги вжари Фејсбук, Твитер, YouTube и останатите социјални мрежи. Доволно е да се каже дека получасовниот филм во режија на наводно непрофитното активистичко здружение Invisible Children за само четири денови на YouTube собра неверојатни над 46 милиони прегледи.

А сега малку за тоа кој всушност е Џозеф Кони. Станува збор за лидерот на Lords' Resistance Army, една од најбруталните афрички парамилитарни групации. Роден е во 1964 година во Уганда, Кони на само 22 годишна возраст ја основал LRA со цел за борба против владиното маргинализирање на етничката здружина Аколи. Со тек на време LRA ги изгубила сите политички програми, но теророт и убивањето продолжиле.

Кони - отелотвроување на бесот божји

Неколку работи кои Кони го истакнуваат од останатите „богови на војната“ во Африка. Прво е тоа што навнодно станува збор за човек кој 60.000 деца ги присилил на учествување во сопствената војна, создавајќи од нив убијци, крадци, сексуални робови и воени злосторници. Филмот сугерира дека војската на Кони киднапира деца каде ќе стигне и ги обучува да се борат за нејзини цели.

Второ, Кони е интересен затоа што својата борба ја карактеризира како месијска. Овој загрижен христијанин тврди дека е божји гласник и дека низ неговите дела зборува Светиот Дух.

Трето, Кони бил тој кој се здобил со вниманието на тројца младичи од Америка кои пред неколку години тргнале во Судан, очигледно во потрага по добра воена приказна. Не ја нашле во Судан, но ја нашле во Уганда, односно во Џозеф Кони.

Цел - Кони да се направи дел од вестите


Како што тврдат основачите на здружението Invisible Children, цел им е Кони да го направат познат. Објаснуваат како сакаат да го направат суперпознато име и дел од светските вести, за светот конечно да дознае за неговите злодела. Нема сомнеж дека успеале во тоа бидејќи очигледно нивната медиумска кампања доби огромно внимание.



Неколку работи кои се прикажуваат во филмот вредат да се споменат, иако најдобро е едноставно да го изгледате и да извлечете сопствени заклучоци. Така авторите на филмот разговараат и со Морен Окамп, главниот обвинител на меѓународниот казнен суд кој Кони го поставил на првото место на најбарани злосторници. Со оглед на тоа што обидите на многумина да го фатат Кони по афричките џунгли пропаднале, основачите на здружението Invisible Children за помош се обратиле до американските власти и кај нив апелирале за помош во фаќањето на Кони.

Политичка поддршка барале на погрешна врата

Објаснето им е дека САД не се впуша во интерни конфликти во државите, освен ако не се загрозени нивните економски и политички интереси. Што друго можеле да очекуваат како одговор кога чукнале на вратата на Дик Ченеј и Кондолиз Рајс. Едноставно, Кони е премала риба. До душа, Обама кон крајот на минатата година во Уганда прати 100 маринци и советници кои на тамошната војска требало да и помогнат во ловот на Кони.

Проблемот е само што Кони повеќе воопшто не се наоѓа во Уганда, што го признаваат и самите автори велејќи дека „Уганда денеска е релативно сигурна“,но и понатаму се фокусираат исклучиво на приликите во Уганда. Во меѓувреме, Кони подрачјето на своето делување го проширил на Конго и Централноафричката Република.

Докажаа дека интернетот навистина може да го менува светот


Меѓутоа, за авторите на филмот тоа не е важно. Тие сакаат само да се обрати доволно внимание на Кони така да тој не биде сигурен никаде во светот. Со својата бомбастична кампања која вклучува масовно поставување на плакати, action kit-ови, гривни, делење материјали и се разбира, можноста за донација, дефинитивно успеаа да докажат дека светот може да се менува со пропаганда. Успеаа во тоа во толкава мера што нужно се наметнува прашањето: дали поентата на целата приказна е всушност фаќањето на Кони или токму докажувањето на тезата дека интернетот е најмоќното оружје на светот?



Свесни се дека познатите личности се алати преку кои пораките брзо и едноставно можат да се пренесат на голем дел од публиката, па затоа екипата од Invisible Children во својата приказна вкучила и разни познати личности, од Опра Винфри, преку Марк Зукерберг, до Џастин Бибер.

Како и сите работи кои брзо стекнуваат преголема популарност, така и ова автоматски со себе повлече и некои незгодни прашања. Тоа најважното е: „Кој всушност стои зад овој ‘трогателен’ документарец кој застанува во одбрана на децата во Уганда?“

На што се трошат донираните средства?

Како што веќе е кажано, зад документарецот стои непрофитното активистичко здружение Invisible Children. Само што воопшто не е непрофитно. Станува за организација која веќе издала 11 филмови, сите за Кони, и која во последно време, благодарение на медиумската кампања прилично се проширила. Минатата година организацијата добила и потрошила 8,67 милиони долари.

Само 32% од тој износ отишол на директни услуги, иако во филмот се фалат дека неумоливо градат училишта и болници во Уганда. Остатокот од парите отишол за плати на соработниците и вработените, патувања, филмска продукција и маркетинг. Сосема доволно за Charity Navigator транспарентноста на организацијата да ја оцени како двојна. Меѓутоа, вистинските проблеми врзани со Invisible Children се многу подлабоки.

Финансираат војска која исто така е обвинета за воени злосторства

Здружението, како што се гледа на филмот, заговара директна воена интервенција како средство за запирање на Кони. Како клучен играч во таа приказна ја гледаат угандската војска, која финансиски ја помагат, како и некои други воени сили како Суданската народно-ослободителна војска, за што сведочи фотографијата на авторот на филмот со нивните војници. Проблемот - и угандската и суданската војска неброен број на пати и сами се обвинувани за воени злосторства, силувања, ограбувања, убивања и сите оние работи кои и се препишуваат на LRA на Кони, а против кои Invisible Children толку сложно се борат.



Манипулирање со фактите и претерување во бројките

Но, како што веќе е кажано, поголемиот број пари доаѓа од „подигање на свеста и филмска продукција“. Угледниот весник Foreign Affairs во минатото оценил дека Invisible Children „манипулираат со фактите за остварување на саканиот ефект, претеруваат со бројките кои ги опишуваат злосторствата на LRA, нереално ја нагласуваат употребата на деца во нивните војни и Кони го прикажуваат како отелотворување на злото“. Нема сомнеж дека станува збор за лош човек, но манипулација со фактите за добивање на будноста на јавноста е непродуктивно, нефер и непрофесионално.

Крис Блатман, политолог од Јејл, наведува дека „постои нешто инхерентно стопирачко, наивно, па дури и опасно во идејата за спасување на деца и на Африка од страна на Белиот човек и на САД“.

Американските активисти на децата им продаваат лаги за да натрупаат пари

Површниот филм предизвика негодување и кај научниците од Африка. „Американските активисти и продаваат купишта лаги на неупатената младина за да трупаат пари“, тврди угандскиот блогер TMS Ruge, укажувајќи на фактот дека ниту еден Африканец не е дел од организацијата, туку се сведени на споредна приказна. Еден друг писател од Уганда, Росбел Кагумире, кажал дека видео кампањата ја „сензационализира“ оваа приказна и фокус става на „американското спасување на Африка“.



„Проблемите кои ги создаваат Кони и LRA се многу покомплекси и не се од таква природа за да можат да се решат со лепење на постери, правење на филмови, носење гривни и менување на Фејсбук слики“, вели Грант Ојстон кој разоткрил некои митови врзани со фондацијата Invisible Children.

Дали целта секогаш ги оправдува средствата?

Нема сомнеж дека Џозеф Кони е лош човек и криминалец. И нема сомнеж дека подигањето на свеста е добра работа. Но, перењето на мозокот за остварување на сопствени интереси баш и не е. Затоа, пред да донирате некој денар за борбата против Џозеф Кони, запрашајте се каде всушност одат тие пари и зошто одат таму.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...