Friday, 02 March 2012 17:09 Вести

Славната поп дива на универзитетот Харвард го означи почетокот на работа на својата хуманитарна фондација која се бави со проблемот насилство меѓу младите ширум светот.


Born This Way Foundation на Гага на Харвард ја поддржаа и некои од највлијателните светски хуманитарци, меѓу кои е и Опра Винфри.

Лејди Гага на студентите на престижниот универзитет по повод почетокот на работа на фондацијата им порача дека „сите мораме да ги здружиме силите за светот да го направиме подобро место за живеење“.

„Не сум овде за да ви дадам конечен одговор, ниту за да го решам проблемот со силеџиството во целосно, туку да ги охрабрам младите луѓе. Би сакала да постои закон кој ќе ги натера сите луѓе барем да бидат пољубезни едни кон други.“

Пејачката за фондацијата Born This Way како основачки влог даде 1,2 милиони долари, а насловот на фондацијата намрено е ваков затоа што таа песна стана неофицијална геј химна која промовира различност и толеранција, што е целта и на фондацијата.

Опра Винфри рече дека во целост ја поддржува хуманитарната работа на Гага, затоа што се заснова на основните принципи на толеранција.

Еден од начините на кои фондацијата ќе функционира е автобусот Born To Be Brave кој ќе патува низ Америка и каде младите ќе можат да се обратат за совет кај професионалец кога автобусот ќе стигне во нивниот град. Со фондацијата ќе управува Синтија Германота, мајката на пејачката, се разбира, со „супервизија“ од Лејди Гага.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...