Thursday, 01 March 2012 08:51 Вести

САД произвеле електромагнетен топ со огромна моќност, домет од 160 километри, кој испалува муниција неколку пати побрзо од звукот...


Оружјето е наменето за воената морнарица на САД, за сега постои како прототип, се движи по шини, а испалува муниција со помош на магнетно поле и електрична струја.

Електромагнетниот топ е тестиран во Северна Вирџинија, а во следните пет години ќе се утврди дали оружјето се лади и дали испалува по неколку парчиња муниција во ред.

Испалената муниција се движи со брзина од 9.010 километри на час - повеќе од седум пати побрзо од звукот.

Морнарицата би сакала топот да испалува до 10 парчиња муниција во минута.

Проектилот е тежок 18 килограми и потребно е да се испита дали и вградениот систем за сателитско следење GPS може да издржи такво испалување.

Се верува дека ваквиот топ може да обезбеди поддршка за напад, да пука кон непријателски бродови, како и да се брани од проектилите кои надоаѓаат.

Сегашните морнарички топови имаат калибар од пет инчи (12,7 сантиметри) имаат домет од 24 километри.

Развојот на електромагнетниот топ започнала во 2005 година и до сега чини 240 милиони долари.

Медиумите потсетуваат дека работата и проектите на Никола Тесла, за кои се верува дека ја кријат тајната на моќните електромагнетни оружја, исчезнале набргу по неговата смрт, како и дека Американците на таа основа развиваат оружје.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...