Monday, 27 February 2012 14:41 Вести

Велика Британија, под водство на "Железната Дама", најсериозно се подготвувала за третата светска војна. Тоа го покажуваат и документите со кои по три децении, е симнат знакот - тајност...


Како и во случајот на првата светска војна, и оваа требало да започне во Југославија, пишува британскиот Дејли Мејл.

Во случај на итност, Британија била подготвена да спроведе нуклеарен напад врз земјата "зад железната завеса", но не и на Советскиот сојуз.

Во време на најголема тензија помеѓу Истокот и Западот, по советската инвазија на Авганистан 1979 година, државните службеници во Велика Британија секои две години учествувале во воени вежби.

"Дејли Мејл" дошол до "Воената книга", скрипта од вежби изведени во март 1981 година, десет месеци по смртта на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито.

Колку била сериозна, зборува и тоа дека таа гигантска воена игра траела цели две недели.

Во тоа време СССР ја водел Леонид Брежнев, а САД Роналд Реган. Односите на Истокот и Западот достигнале најниска точка од Кубанската криза во 1962 година, кога целиот свет бил близу за прв пат до нуклеарна војна.

Се започнало со складирање на силите од Вршавскиот пакт на границата со Југославија, на 9 Март. Како и во првата светска војна, главниот предизвикувач на војната е Балканот. За Југославија пишува дека е номинална кумунистичка земја, но се свртува кон Западот.

Тој прв ден од вежбите, Британија и САД праќаат додатни трупи во Западна Германија, додека стигнува извештајот за руски бродови кои напаѓаат рибарски бродови во Северното Море.

До вечерта на 11 март, конфликтот се чинел неизбежен. СССР акумулирале трупи на границата меѓу Турција, Бугарија и Југославија, а НАТО ги зајакнал своите сили во Германија и Скандинавија.

Два дена потоа, кризата е на врвот поради продорот на Вршавскиот пакт во Југославија. Ирак ги напаѓа источните делови на Турција, се влошува кризата околу Норвешка. Во Британија снемува храна и бензин, владата прогласува вонредна состојба.

До недела 15 март, Вршавскиот пакт со повеќе од 20 девизии ја окупира Југославија, а Британија очекува напад од Русија.

Во понеделник во шест наутро, Британците се разбудуваат со воздушни напади. Советите со 100 бомбардери ја напаѓаат британската против воздушна одбрана. Русите вршат инвазија на Норвешка. Попладне во втор воздушен напад напаѓаат седум британски авио бази, по што Велика Британија и објавува војна на Советскиот Сојуз.

Еден ден покасно, стотина Британци загинуваат во воздушните напади, додека од Југославија доаѓа информација дека Советите почнале да користат хемиско оружје. До 19-ти март Советите го окупираат северниот дел на Норевша и полека превземаат предност во борбите во Германија.

Ноќта во новите напади, гинат илјадници граѓани ширум Британија.

По една ноќ полна со бомби, утрото на 20 март, Советите користат нервен гас во напад на Шкотска и Манчестер.

Русите ја пробиваат границата на Западна Германија, а локалниот командант на НАТО бара нуклеарни удари на војни бази во Источна Германија, Чехословачка, Полска, Унгарија и Бугарија. Одлуката на "Железната дама" била неизбежна, пишува весникот, таа го одобрила нуклеарниот напад.

За среќа сето тоа се случило во војна вежба.

Текот на војната:

1 Ден
Војната започнува со акумулирање на силите на Вршавскиот пакт на границите со Југославија.

3 Ден
НАТО праќа засилување на своите сили во Германија и Скандинавија.

5 Ден
Вршавскиот пакт ја напаѓа Југославија, а Ирак го напаѓа северот на Турција.

7 Ден
20 девизии на советската војска ја окупираат Југославија.

8 Ден
По првиот удар на Велика Британија, Лондон прогласува војна на СССР.

11 Ден
Русите го окупираат северниот дел на Норвешка, ја превземаат власта во борбите во Германија, Грција, Турција, Италија...

12 Ден
Командантот на НАТО бара нуклеарни напади на 26 цели во Источна Европа. Одговорот бил потврден.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...