Saturday, 25 February 2012 17:36 Вести

Брони Вејр е австралиска медицинска сестра која неколку години поминала работејќи како старателка за пациенти во последните 12 недели од животот.

Вејр на својот блог ги запишала забелешките за исклучителната јасност на погледот кон својот живот со која луѓето се стекнуваат на крајот на животот.

За да можеме ние да учиме од нивните грешки, Вејр некои од нив одлучила да ги испраша за работите за кои жалат и што би сториле поинаку во животот, и утврдила пет работи на кои луѓето се сеќаваат на крајот од животот.



1. Би сакал/а да имав храброст да го живеам животот верно на себе, а не животот кој другите го очекуваат од мене

Кога луѓето ќе сфатат дека нивниот живот е готов и погледнуваат наназад, лесно гледат колку нивни соништа останале неисполенти. Поголемиот број луѓе не ги почитувале ни половина од своите соништа и умреле знаејќи дека од својот избор не направиле ништо. Здравјето ни дава слобода да постигнеме одредени цели, а луѓето тоа го сфаќаат дури откако ќе го изгубат истото.

2. Би сакал/а да не работев толку напорно

„Ова го изјави секој пациент кој го негував. Жалат што го пропуштиле животот на своите деца, дел од партнерството и пријателството. Жените исто така споменувале жалење поради тоа што премногу работеле. На луѓето им е жал што трошат толку голем дел од нивниот живот само на работа“, пишува Вејр.

3. Би сакал/а да имав храброст да ги искажам своите чувства

Многу луѓе ги потиснуваат своите чувства за да бидат во мир со другите. Како резултат, никогаш не стануваат тоа што навистина се. Резултат од тоа неретко се некои болести развиени поради потисната лутина или горчина поради незадоволство од самите себе.

4. Би сакал/а да останев во контакт со своите пријатели

Луѓето често не ја сфаќаат вистинската вредност на своите стари пријатели се до моментот кога се на работ на смртта. Многу луѓе се толку зафатени со сопствените животи така што некои пријателства сосема ги забораваат. Поради тоа сите пациенти се жалеле затоа што не им посветиле доволно време на своите пријатели. На секој кога умира му недостига пријател.

5. Би сакал/а да си дозволев самиот/та да бидам посреќен/на

И ова е најчесто жалење кај терминалните пациенти. Многу не сфаќаат до крајот на животот дека среќата е нивен избор. Луѓето остануваат заглавени во стари навики. Стравот од промени и тоа дали тие и другите ќе бидат задоволни, ги спречуваат луѓето во среќата и при крајот на животот жалат што не се смееле повеќе и не биле поопуштени во животот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...