Monday, 20 February 2012 18:04 Вести

Претседателот на општината Лог во Словенија - Драгомер Младен Сумина им забранил на кучињата и петлите да лаат односно кукуригаат од 22 часот до 6 часот наутро.


Сумина им се заканил на сопствениците на животните дека ако го прекршат тоа правило, ќе мораат да платат 100 евра казна.

Претседателот на општината Лог - Драгомер ја вовел таа регулатива за зачувување на јавниот ред и мир. Имено, тој рекол дека во минатото примил многу приговори и обвинувања од жителите поради лаење на кучиња и кукуригање на петли.

Сумина смета дека сопстениците треба своите животни да ги држат под контрола.

„Кучињата треба да се тренираат. И сам со години имам куче, знам како стојат работите со нив“, рече тој и додаде дека во општината има и неколку луѓе што боледуваат од срцеви болести за кои лаењето на кучињата навечер може да биде опасно дури и по живот.

Со оглед на тоа дека регулативата се однесува и на останате животни, новинарите го прашале што ќе се прави за време на парењето на мачките.

„Што ќе се случи навистина не знам“, вели Сумина, признавајќи и сам дека случајот е „помалку смешен“.

Меѓутоа, синдкатите на комуналната полиција за сега одбиваат да ги контролираат животните, а Уставниот суд не сака да се меша во целата приказна.

Во меѓувреме, сопствениците на животни се снаоѓаат како што знаат и умеат, па така некои своите кучиња ги заклучуваат во гаражите со надеж дека полицијата нема да им напише казна.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...