Friday, 03 February 2012 08:53 Вести

Американецот на овој необичен чекор се одлучил за да го измами судот.


Џон Гудман (48) пред законот ја посвоил својата девојка Хедер Хачинс (42), во случајот кој американскиот печат го нарекува „зона на самракот на правосудството“.

На Гудман моментално му се суди поради убиство од невнимание, затоа што предизвикал сообраќајна несреќа во која животот го изгубил Скот Вилсон (23).

Обвинетиот е основач на Меѓународниот поло клуб во Велингтон, Флорида, и има две биолошки деца кои се малолетни. Дел од своето богаство ставил во фонд до кој ќе имаат пристап дури кога ќе станат полнолетни, односно кога ќе наполнат 21 година.

Во случајот кој ја потресе јавноста, Гудман ја посвоил својата девојка Хедер, за и таа да добие пристап до тие средства и да може да ги искористи за финансирање на одбраната. Исто така, фондот за „децата“ не се наоѓа на неговиот имотен список кој би можел да биде распродаден за плаќање на отштета на семејството на жртвата.

Продолжението на судењето е закажано за 27 март.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...