Sunday, 29 January 2012 10:18 Вести

Една њујорчанка проживеала 18 години терор затоа што по невина прошетка низ Централ парк одбила втор состанок.


„Бев преплашена“, вели 45 годишната Линда Арнауд откако Мозес Шепарт минатата недела е осуден поради прогонување.

Нивниот прв и единствен состанок била невина прошетка по њујоршкиот Централ парк. Но, кога ја одбила неговата понуда за нов состанок, му се поматил паметот на Шепарт и тогаш започнал нејзиниот кошмар кој траел цели 18 години - безуспешно се обидела да му избега шриум САД.

„Би се појавил пред мене во училиштето во кое работев, на станицата во подземната железничка, па дури и во мојот стан. Ме следеше по целиот Њујорк“, раскажа преплашената учителка.

Речиси две децении се селела поради него - во Њу Мексико, Аризона, Калифорнија, Конектикат... Секогаш надевајќи се дека тоа биде последниот пат кога ќе мора да замине. Но, тој секогаш ја пронаоѓал, секојдневно ја бомбардирал со телефонски повици, е-мејлови, писма, це-диња и порнографија.

Најпосле, во 2010 година, додека живеела во Конектикат, Шепарт и испратил писмо во кое и се заканувал со смрт.

„Напиша ‘Доаѓам по тебе’. И тогаш се загрижив за својот живот“, кажа 45 годишната.

Полицијата побарала налог за апсење и ги алармирала ФБИ. Шепарт најпосле е уапсен во мај 2010, а минатата недела поротата го осуди на максимални 5 години затвор.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...