Saturday, 21 January 2012 11:17 Вести

Американскиот претседател Брака Обама испеа еден стих од познатиот хит Let's Stay Together за време на говорот кој го одржа на донаторската вечера во театарот Аполо во Харлем.


Обама синоќа излезе на говорницата за да им се заблагодари на сите кои со своите донации помогнале во финансирање на неговата претседателска кампања.

Неколку минути после тоа, настапил и познатиот соул пејач Ал Грин. Претседателот на САД тоа го искористи да испее еден стих од големиот хит на Грин од 1972 година, Let's Stay Together, на општо изненадување на присутните.

„Овие дечки мислеа дека нема да го сторам тоа. А убаво им кажав дека ќе го сторам!“, рече Обама, покажувајќи со раката на луѓето зад сцената кои се дел од неговата екипа за кампањата.

„Не грижете се пречесен“, му порача претседателот на Грин, кој исто така е и свештеник. „Можеби не пеам толку добро како вас, но едноставно сакав да го покажам своето воодушевување“, истакна тој.

За време на вечерата, на која присуствуваа околу 1.400 луѓе, собрани се близу 3,1 милион долари.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...