Thursday, 12 January 2012 11:23 Вести

Во Лос Анџелес доделени се People Choice наградите. Триумфираа „Хари Потер“, Џони Деп и Кети Пери.


Последниот дел од серијалот за момчето волшебник „Хари Потер и Реликвиите на Смртта: Втор дел“ ги освои наградите за најдобар филм, најдобар акционен филм, најдобар тим и најдобра адаптација на книга на 38 доделување на People Choice наградите.

Џони Деп е прогласен за најдобар актер, Ема Стоун за најдобра актерка и најдобра актерка во комедија, додека во категоријата за најдобар акционен актер наградата на публиката ја однесе Хју Џекмен.

Филмот „Вода за слонови“ е најдобра драма, „Деверуши“ е најдобра комедија, Адам Сендлер е најдобар комичар, Рајан Рејнолдс е најдобар супер херој, а за икона на филмот е прогласен Морган Фримен.



Кога станува збор за музика, најдобар машки изведувач е Бруно Марс, омилена изведувачка е Кети Пери, која освои уште четири награди - за најдобра песна (E.T.), најдобар спот (Last Friday Night), турнеја на годината и најдобра гостин-ѕвезда во серијата How I Met Your Mother.

Албумот на годината го сними Лејди Гага, а хипхопер на годината е, како и минатата година, Еминем. Ријана е најдобар RnB изведувач, а Тејлор Свифт е најдобра кантри пејачка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...