Friday, 23 December 2011 07:30 Вести

Популарниот пејач конечно излегол од болница и се враќа во Англија.


Џорџ Мајкл е отпуштен од болницата во Виена, каде престојуваше поради силно воспаление на белите дробови. Медицинскиот центар AKH го напуштил вчера во осум часот наутро и веднаш отишол на аеродромот, од каде ќе полета дома, кон Англија. „Се чувствува многу подобро. Толку му е добро, што може да го издржи летот“, рече еден член на болничкиот персонал.

На Џорџ состојбата му се подобрила и добро реагирал на лековите, што вчера го потврдија и неговите лекари. „Знаеме дека е добро и општо гледано многу сме оптимистични“, рече неговиот лекар, Кристофер Зелински. Минатата недела дечкото на музичката ѕвезда, Фади Фаваз рече дека Мајкл ќе биде дома до Божиќ.

„Ќе го прославиме Божиќ дома. Не можам да престанам да се смеам денеска, најдобар ден во животот. Немаме повеќе за што да се грижиме“, рекол Фади, кој постојано го посетуваше пејачот во болницата. Мајк поради силното воспаление на белите дробови мораше да откаже низа концерти во ноември и се уште не се знае кога ќе може да се врати на сцената.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...