Sunday, 18 December 2011 12:17 Вести

Издавачката куќа Portalibris објави нова авантура за познатиот детектив која ја напишал Ентони Хоровиц.


Во исто време кога во кината ни стигнува новото остварување на Гај Ричи „Шерлок Холмс: Игра на сенки“, во книжарницата се појави книга која нуди поинаков поглед на детективот од улицата Бејкер и неговиот верен сопатник.

Во книгата „Куќата од свила“, која е напишана осумдесет години по смртта на Артур Конан Дојл, британскиот писател Ентони Хоровиц ја раскажува приказната за Холмс од гледна точка на Вотсон.

Холмс е мртов, а Вотсон стар и сам по два брака, три деца и седум внуци. Тој се присетува на една негова и на Шерлок авантура, случај толку мистериозен и шокантен што своите белешки за тој случај ги заклучил во сефот на 100 години.

Лондон, 1890 година. Трговецот со уметнички дела, Едмунд Карстерс ги моли Холмс и Вотсон за помош. Детективот и докторот се вовлечени во меѓународна завера. Мистериозната фраза „куќата на свилата“ го поврзува врвот на власта со подземниот свет на криминалот, и Холмс се плаши дека наишол на завера која ќе го уништи општеството.

Хоровиц е британски книжевник и сценарист, кого Здружението Артур Конан Дојл го избрал за да го напише новиот роман за Шерлок Холмс. Познат е и по серијалот романи со Алекс Рајдер, но и сценаријата за британските крими-серии „Херкул Поаро“, „Убиствата во Мидсамер“ и „Војната на Фојл“.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...